Груевски: СЈО е забегано, ова е театар на апсурдот

„Судот од старт требаше да ги отфрли овие обвинувања. Ова стана еден вид театар на апсурдот“, рече експремиерот Никола Груевски по денешното одложено рочиште за предметот „Насилство“ пред Општина Центар.

 

„Шест дена треба да бидам на рочишта во разни предмети. Сè повеќе се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдот, „Процес“ од Кафка, изјави Груевски по излегувањето од судот. Тој рече дека СЈО барало притвор за болен човек, што укажува, како што рече, на забеганоста на ова јавно обвинителство. „Самиот факт што обвинителството се дрзна да бара притвор за болен човек укажува на забеганоста на ова јавно обвинителство.“

 

Груевски говореше и за вчерашното судење за предметот за набавката на „мерцедесот“ кое траеше неколку часа.

 

„Вчера судијката одлучи да го продолжи рочиштето до 18.30. Не е проблем за мене да останам до кога требва. Сум работел јас до доцна, но доколку тоа е за сите. Во овој случај имаме ситуација кога за никој не се останува по работното време, ниту за најголемите убијци и терористи, но кога сум јас во прашање имаме пролонгирање додека судијката не ја заврши својата замислена обврска. За никој друг во државата, ова не се случило во минатото. Истата двојка судии кои вчера направија на некој начин скандал, се оние кои му судат и на Заев и му закажуваа на месец дена. Очигледно е дека судиите имаат добиено политичка агенда и мора да ја исполнуваат“, рече Груевски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien