МВР со чешки пари купи Шкода автомобили од партиски донатор

Facebook
Twitter
Email
Print

Со чешка донација од милион евра, Министерството за внатрешни работи лани без тендер купило 45 автомобили „шкода“ од фирма донатор на СДСМ, објави БИРН. Станува збор за фирмата „Делукс-ауто“ од Куманово, која што се води во регистарот на донации на СДСМ за 2016 година.

 

Чешка парите ги донирала во јуни 2017 година, а договорот за набавка е склучен 3 месеци подоцна во септември. Автомобилите беа промовирани од министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадор Мирослав Томан во декември.

 

Како што објави БИРН, место тендер, МВР ја искористило законската можност да преговара со фирми, без притоа да објави оглас, а како причина за тоа била наведена крајна итност за набавката.

 

Покрај кумановската „Делукс-ауто“, покана за преговарање добиле уште три компании што продаваат возила, тоа се овластените увозници на „мерцедес“ – „МакАутостар“, „бе-ем-ве“ – „Маккар“ и „Порше Македонија“, која меѓу другото е овластен увозник на „шкода“, од каде што „Делукс-ауто“ и ги набавува возилата што ги продава.

 

Од „Порше Македонија“ велат дека целата постапка била транспарентна и затоа не поднеле жалба.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи