Со 120 милиони евра владата ќе ги враќа долговите на општините

Facebook
Twitter
Email
Print

Старите долгови на општините од околу 120 милиони евра ќе се раздолжат со нов кредит што Владата ќе го земе во име на локалните самоуправи. Владата веќе почнала преговори со меѓународните и домашните кредитори. Пресудно за тоа каде ќе се задолжи државата е каматната стапка.

„Државата да добие кредит, да го пренесе на општините, да ги исплатат своите обврски кон добавувачите и тоа е околу 120 милиони евра, а самиот кредит ќе го враќаат општините на 15-20 години. Очекуваме 2 до 3 отсто каматна стапка кои во споредба со денешните 13% кои ги плаќаат општините како затезни камати кои се доспеани за долговите. Веруваме дека така ќе ги растовариме и ќе може да имаат унапредување во иднина“, изјави премиерот Заев.

Според првичните анализи, дури 95 отсто од долгот на општините е кон домашни претпријатија. Тоа значи дека околу 100 милиони евра ќе легнат на сметките на фирмите. За општините да не влегуваат во нови долгови откако ќе се раздолжат Владата планира и заштитен механизам.

Заев се надева дека до крајот на 2018 година општините ќе бидат подготвени да преземат реализација на капитални проекти односно да ги преземат изградба на градинки, училишта, како и раководењето на домовите на култура и дел од здравствените установи да се симне на локално ниво. Заев кажа дека планираат да го пренесат на локално ниво и управувањето на шумите и земјоделското земјиште, како и изградбата на патишта со цел да се зајакнат капацитетите на општините.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи