Владата ќе го раскинува договорот за концесија за Казандол

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција изјави дека работната група за рудникот Казандол утврдила неправилности, при што за една недела ќе се знае дали има правна основа за раскинување на договорот со концесионерот. Се очекува за седум дена Министерството за економија да ја подготви информацијата дека се исполнети условите за тоа.

 

Бошњаковски нагласи дека одлуката во однос на рудникот Казандол следи по анализите спроведени од работната група која спровела увид на теренот и на правната рамка и утврдила дека се пробиени сите рокови за изградба на рудникот.

 

„Полињата за наводнување, оросување не се оформени, од системот за лужење не е изградено хавариското езеро, производствениот погон е во фаза на градба со целосно завршени бетонски работи, делумно поставена метална конструкција, но во халата нема уреди, машини, постројки инсталации со кои може да се врши производство. Пробиени се речиси сите рокови“, рече Бошњаковски.

 

Бошњаковски додаде дека и за рудникот Иловица, во Струмичко, задолжена е работна група која треба да изврши анализа, која штом ќе биде готова ќе биде ставена на владина седница.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien