Условна затворска казна за Марјан Ристески, екс градоначалникот на Прилеп

Поранешниот градоначалник на Приелеп, Марјан Ристески е осуден на условна затворска казна од шест месеци бидејќи не ја осигурал општинската зграда од вандализирање на протестите организирани од „Шарената револуција“, пресудил Основниот суд во Прилеп.

 

Според пресудата, Ристески е виновен за кривично дело несовесно работење во службата, а казната ќе стане активна, односно ќе оди во затвор ако во рок од една година направи ново кривично дело. Судот го осуди Ристески со парична казна од 60 глоби, или на вкупна парична казна од 36.900 денари.

 

Според обвинението, Ристески е виновен зашто од 18 јули 2015 година до 6 октомври 2016 година, за време на вршење на функцијата градоначалник на Општина Прилеп, несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности, што било спротивно на Законот за локална самоуправа и Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост. Конкретно, Ристески не ја осигурал од штети зградата на Општина Прилеп, со што на Општината ѝ нанесол штета во износ од 238.750 денари. Штетата настанала за време на одржувањето на “Шарената револуција“, во април, мај и јуни 2016 година.

 

За остварување на имотно-правно барање за надомест на штета, Судот ја упатува оштетената страна, Општина Прилеп, да поведе спор.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien