Пред Собранието на Република Македонија попладнево се собраа граѓани кои протестираат против донесувањето на законот за јазиците.
Инаку на дневен ред на пленарната собраниска седница од 13 часот е третото читање на Законот за употреба на јазиците. Сè уште е нејасно како ќе се одвива таа и дали ќе се разгледуваат илјадниците амандмани што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
Пред Собранието има видливо полициско обезбедување, а улицата пред Собранието попладнево е затворена за сообраќај.