Села, Гаши и Мухиќ тврдат дека гласале за Законот, бараат да се објават снимки од гласањето

Независниот пратеник од владејачката коалиција Ферид Мухиќ, Африм Гаши од движењето БЕСА и Зијадин Села од Алијанса на Албанците побараа  од претседателот на Собранието Талат Џафери да се објават видео снимки од гласањето  за да се види дека  гласале   за  носење на Законот за употреба на јазиците.

 

Мухиќ рече дека гласал со целосно уверување дека Законот што беше дионесен е за доброто на граѓаните, државата и нејзините перспективи.

 

„Сакам да потврдам дека сум гласал, што се гледа и од снимката при гласањето на немнозинските заедици. Проблемот е јасен, не знам дали може да се поправи оти во стенограмот не сум внесен. Но, тука е и некаква предност бидејќи и со оваа изјава сакам да го изразам своето целосно уверување дека овој закон е и уставен и за доброто на граѓаните и на Македонија“, рече Мухиќ.

 

Претседателот на Движењето БЕСА, Гаши  нагласи дека како партија тие отсекогаш го поддржувале законот.

 

„Изразената волја на еден пратеник е поважна од електронското гласање. Гласав за овој Закон и стојам зад него. Дека гласав се гледа и на снимката за време на гласањето на немнозинските заедници кога кренав рака“, рече Гаши.

 

Села од Алијансата на Албанците рече дека поднел и писмено барање до Џафери детално да се разгледа постапката на гласање и да се објават видео-материјалите од двата монитора каде се гледа дела тој гласал.

 

„Јас вчера гласав за законот во секоја фаза, и при електронското гласање и со кревање рака по Бадентер и вие како претседател на Собранието ќе треба да го објасните ова“, рече Села и упати честитки до сите пратенции кои гласаа за Законот за јазиците со кој според него Македонија станува побогата како општетство, а се исполнил и дел од Рамковниот договор.

 

Џафери, го одби барањето  поединечно да се гласа за Законот за употреба на јазиците  откако листингот на Собранието покажа дека електронскиот систем не го регистрирал нивниот глас. Според Џафери законот е изгласан од 64 пратеници и гласањето е полноважно, поради што не може да се спроведе поединечно гласање.

 

„Нема потреба за писмено барање, ќе добиете видеоснимка од состојбата во салата додека траела процедурата за гласање. Со оглед дека процедурата трае 10 секунди можно е да не сте го притиснале навреме копчето за гласање и тоа да не се регистрирало. Но, нема можност електронски селективно да се интервенира во гласањето. Кај изразувањето со рака јасно се гледа на видеото дека сте гласале. Апелирам работите кои се случуваат во собранието да не се користат по социјалните мрежи, оти тоа се неофицијални работи. Она што е официјално за Собранието има и евиоденција и тоа може да го добиете кога ќе поскате“, рече Џафери.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien