ВИДЕО – Талевски : Буџетот на Општина Прилеп не е во добра кондиција бидејќи има голем број на побарувања

Денеска се одржа 11-та редовна седница на Советот на Општина Прилеп на која што беа разгледани неколку точки од днвениот ред, меѓу кои предлог годишна сметка на Буџетот на единицата на локалната самоуправа Прилеп за 2017 година, предлог годишниот извештај на Општина Прилеп за 2017 година и предлог кварталниот извештај за Извршување на Буџетот на Општина Прилеп за четврт квартал од 2017 година.

 

 

„По прашањата за завршната сметка се разви една дебата за различно толкување, каде да бидам реален имаше конфузно толкување од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, каде еден советник излегува со еден податок, друг советник со друг податок. На мое прашање дали овие податоци кои се изнесуваат тука за завршните сметки за периодот од 2005 година, дали се точни и тврдат во однос на таа изјава која ја даваат, но очигледно е дека не располагаат со точни податоци. Знаете она што го кажа и градоначалникот на седницата, односно од дебатата која што после долго време се разви во Прилеп за завршна сметка и за буџет на Општина Прилеп, бидејќи тоа не било пракса досега во работењето на Советот, беше кажано дека има голем број на доспеани побарувања до Општина Прилеп, значи оној долг кој што ние како нова локална власт го наследивме, со оглед на тоа дека голем број на фактури се стасани до Советот на Општина Прилеп по периодот на доаѓањето на новата локална власт, па поради тоа можеме да кажеме дека буџетот не е во добра кондиција, со оглед на тоа дека има голем број на побарувања за исплата на фактури кои се доспеани до Општина Прилеп“,истакна Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 

Талевски искажа задоволство од присуството на градоначалникот Јованоски на сите досегашни седници на Советот, што не било пракса во минатото.

 

„Задоволство ми е за оваа пракса која што ја воспостави градоначалникот да присуствува на седниците на Советот и да одговара на сите советнички прашања кои ќе бидат поставувани до него како градоначалник, така се случи и во однос на донесувањето на годишната сметка за 2017, што во минатото не беше пракса во однос на таа работа. Знаеме дека претходниот градоначалник не ги удостојуваше советниците и кога се носеше најголемиот акт на општината, а тоа е буџетот на Општина Прилеп. Ме радува тоа што од страна на градоначалникот е потенцирана важноста на Советот, како тело кое ги носи одлуките во интерес на граѓаните и ја даде онаа важност, онаа достојна почит како треба еден градоначалник да се однесува кон оние лица кои се избрани од страна на граѓаните на Општина Прилеп. Ме радува фактот што се разви една дебата, каде што се поставуваа прашања од страна на членовите на Советот до градоначалникот, со цел да се разјаснат сите оние недостатоци кои ги интересираат членовите“, потенцираше Тачевски.

 

Советот донесе и одлука за започнување со работа на нова градинка во Прилеп во ООУ „Рампо Левката“.

 

„Градоначалникот на Општина Прилеп за време на кампањата вети дека ќе се отворат голем број на градинки во градот, затоа што знаете дека граѓаните имаат голем проблем со сместувањето на децата во градинките, поради малиот капацитет кој што реално сега постои во детската градинка „Наша Иднина“ во Прилеп. Тоа е проект кој што е многу битен за граѓаните, знаете дека се наоѓа во основно училиште, просторот е адаптиран и од страна на директорот беше ветено дека во најбрз временски рок, односно за неколку дена ќе започне со работа оваа нова градинка во Општина Прилеп“, додаде Талевски.

 

На седницата имаше и неколку точки на дневниот ред во делот на урбанизмот, завршните сметки на јавното претпријатие Водовод и канализација и јавното претпријатие за Просторно и урбанистичко планирање.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи