Петрески: Проектираниот раст на БДП се уште остварлив

Проектираниот раст на БДП од 3,2 отсто за 2018 година во овој момент се уште изгледа остварлив, но останува зависен од многу фактори, оценува проф. д-р Марјан Петрески од Универзитетот Американ Колеџ – Скопје во интервју за МИА.

 

„Проектираниот раст првенствено претпоставува отсуство на политичка неизвесност, а за остварливоста е битен и поттикот што треба да дојде од владините економски политики, првенствено Планот за економски раст, но и реализацијата на капиталните инвестции во Буџетот. Покрај тоа, треба да видиме како ќе реагираат фирмите на промените во владините политики за субвенционирање и дали ќе бидат доволно привлечни субвенциите за странските фирми за и тие да инвестираат тука“, вели Петрески.

 

Тој во интервјуто за МИА посочува дека енергијата на Владата во овој момент е насочена кон решавање политички прашања, а економијата излезе од фокусот.

 

„Светла точка е напорот да се воспостави нова политика на поддршка на домашните и странските фирми, преку сеопфатна стратегија која ќе го финансира создавањето домашна додадена вредност. Таквата политика има реални шанси да помогне на растот, бидејќи во основата на растот на нашата економија треба да биде создавањето нова вредност и нејзин извоз на странските пазари, зашто домашната побарувачка била и во догледен период ќе биде мала и потисната“, потенцира Петрески.

 

Во интервјуто Петрески говори и за очекувањата од воведувањето на прогресивниот данок, Програмата за економски раст на Владата, странските и домашните инвестиции, мерката за еквити фонд.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien