Рама до Иванов : Без Албанци нема Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук упати критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој одби да го потпише Законот за јазиците.

 

,,Г. Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател Иванов“, напишал Рама.

 

Албанските медиуми истакнуваат дека Рама при донесувањето на законот, ја изнел оценката дека законот за употребата на албански јазик во Македонија е од историско значење.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи