Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за половина денар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Цените на „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ остануваат 65,5 денари, односно 67,5 денари за литар.
Нова цена на дизелот ќе изнесува 57,5 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство 46 денари.
Според Комисијата, се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,473 денари за килограм и изнесува 27,636 денари.