Димитров: Има разлики во македонскиот и грчкиот предлог за името

Грчката Нацрт-спогодба која содржи предлози за решавање на спорот за името е пристигната во Владата и таа првпат ќе биде разгледана во Скопје, заедно со нацрт-спогодбата подготвена од македонската Влада која им била доставена на грчките власти.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров кажа дека постојат разлики во предлозите кои ги подготвија Македонија и Грција. Toj вели дека во нетрпение и задоволство ја очекуваат посетата на неговиот колега, Никос Коѕиас, и на 30 март ќе имаат прилика со медијаторот Метју Нимиц да ги продолжат разговорите во Виена.

 

„Убедени сме дека елементите од нашата нацрт спогодба ќе бидат корисници во тој процес кој е главен и се води токму за тоа да се надмине разликата околу името“, рече  Димитров.

 

Димитров не сакаше да коментира детали од спогодбата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien