Самохраните родители нема да плаќаат градинка

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка.

 

„Согласно со заложбите за поддршка на самохраните родители, министерката Царовска го измени Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца. Ги известуваме детските градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната докуменетација, наведена  во Правилникот, до јавната установа за деца во која детето е згрижено, за остварување на правото на партиципација“, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

 

Тоа е овозможено со измените на Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца. Измененетиот правилник стапува на сила денеска, со неговото објавување во Службен весник на Република Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien