Грчката Нацрт-спогодба која содржи предлози за решавање на спорот за името е пристигната во Владата и таа првпат ќе биде разгледана во Скопје, заедно со нацрт-спогодбата подготвена од македонската Влада која им била доставена на грчките власти.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров кажа дека постојат разлики во предлозите кои ги подготвија Македонија и Грција. Toj вели дека во нетрпение и задоволство ја очекуваат посетата на неговиот колега, Никос Коѕиас, и на 30 март ќе имаат прилика со медијаторот Метју Нимиц да ги продолжат разговорите во Виена.
„Убедени сме дека елементите од нашата нацрт спогодба ќе бидат корисници во тој процес кој е главен и се води токму за тоа да се надмине разликата околу името“, рече Димитров.
Димитров не сакаше да коментира детали од спогодбата.