ВИДЕО – По 5-ти пат се одржа изложбата на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“ во Прилеп

Вечерва со почеток во 19.30 часот во домот за култура „Марко Цепенков“ по 5-ти пат се одржа традиционалната изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“, во организација на Фото кино клубот од Прилеп. На изложбата беа претставени 60 фотографии од 45 автори.

 

 

„По 7 години од реинкарнацијата на нашиот клуб, во склоп на Народна техника, организирана е оваа 5-та традиционална изложба, која е насловена по нашиот учител Јордан Зазоски – Зазо. На оваа изложба имаме изложено 60 фотографии на наши млади автори, 45 автори. Има и од постарите членови. Инаку Фото кино клубот и во минатите години освојуваше доста награди, како на полето на фотографијата, така и на полето на филмот, каде што моментално мислам дека сме и најдобри во Македонија. Учествуваме на сите светски натпревари, каде освојуваме златни медали, сребрени и други. Значи ние се трудиме да обучиме што повеќе млади деца на полето на фотографијата, односно да пробаме да ги тргниме од сите оние пороци од улицата, да ги однесиме во нашите клубови во Народна техника, каде што можат да креираат, да се дружат. Тоа е нашата цел која ја поставивме последните години и која успешно ја исполнуваме“, истакна Сашко Попоски, претседател на Фото Кино клубот од Прилеп.

 

Членовите на Фото Кино клубот од Прилеп рекоа дека ова досега било најголема нивна изложба.

 

„Јас сум член откако е формиран клубот, веќе 7 години. За работа во Фото кино клубот ние учиме од поискусните фотографи кои веќе се таму за да може да пренесиме на помладите, на новите членови.  Убавото таму е што мора да се предизвикуваме самите да најдеме наш стил, да создадеме наша фотографија, наша уметност, наше име и наше лице на фотографијата. Но сите имаат различен стил. Не може да се најде на интернет да научиме како да се слика, не може да научиме стил на фотографија, целта е сами да направиме свој стил“, кажа Горан Попоски, член на Фото Кино клубот од Прилеп.

 

„Јордан Зазоски-Зазо е традиционална изложба на Фото кино клуб Прилеп, која оваа година се организира по 5-ти пат. Досега е најголемата изложба со 45 автори и 60 фотографии. Многу нови автори, кои се дела на работата и на залагањата на клубот. Јас сум член веќе 4 години и исто толку веќе се занимавам со фотографија. Со тоа учествувам на многу клубски изложби низ државата и на меѓународни изложби. Инспирација за фотографија може да се најде секаде околу нас, сè што претставува некаква приказна или ни буди некакво чувство, слободно може со фотографијата да го пренесиме на гледачите“, вели Кристијан Николоски, член на Фото Кино клубот од Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи