ВИДЕО – Кривични пријави за 7 прилепчани за учество во тепачките кои се случија во 2 ноќни клуба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе пријава против 7 прилепчани кои на 15-ти и 18-ти март учествувале на тепачки во два ноќни клуба. Двата настани не се меѓусебно поврзани. Во првиот случај употребен бил и пиштол како средство за закана.

 

 

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против лицата “З.П. (30), К.П. (36), М.Д. (30) и А.Р. (42), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено ривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик на Република Македонија. На 15.03.2018 година околу 22.00 часот во угостителски објект во Прилеп, сопственост на Г.Р., додека Г.Р. седел со 16 годишна девојка од Прилеп, влегле пријавените и почнале да го удираат по главата и телото. М.Д. вперил пиштол кон девојката и се заканил да не пријавува во полиција. Од страна на Итна медицинска помош Г.Р бил префрлен во Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

 

Кривична пријава е поднесена и за тепачката 18.03.2018 година во друг ноќен клуб во Прилеп. Во овој случај за две лица е одреден и притвор во траење од 8 дена.

 

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против лицата С.Р. (22), М.Т. (24) и А.М. (22), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик на Република Македноја. На 18.03.2018 година околу 03.00 часот во ноќен клуб во Прилеп, пријавените физички го нападнале Ф.П.А.. Тие го удирале со клоци, тупаници и стаклени шишиња во пределот на телото, го влечеле по скалите во ноќниот клуб. Притоа, оштетениот се здобил со повреди на телото по што отишол во Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп, акде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Од страна на судија на С.Р. и М.Т. им е одреден притвор до 8 дена“, додаде Стаматоска.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи