Министерот за правда Саљији поднесе оставка, смета дека е разнишана довербата во судскиот систем

Facebook
Twitter
Email
Print

Прва оставка во владиниот кабинет на премиерот Зоран Заев. Од позицијата министер за правда се повлекува Билен Саљији. Во неговото образложение пред новинарите рече дека оставката ја поднесува како морален чин поради преквалификација на делото за смртта на малиот Aлмир од Kуманово.

 

Саљији истакна дека во изминатиов период довербата во судството се зголемила, задоволен е од исходот на случаите „Монструм“ и „Сопот“, но довербата како што истакна, се разнишала и кај него со случајот Алмир.

 

„И најмалата девијација може да креира непоправливи последици. Кога дaдовме свечена заклетва се обврзавме, пред сѐ, дека ќе ја вратиме довербата на граѓаните во судскиот систем. Таа почна да се враќа преку случаите ‘Сопот’ и ‘Монструм’. Но сепак, во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана во јавноста, но и кај мене лично, поради одлуката од пред неколку дена републичкиот јавен обвинител да го преквалификува обвинението во случајот на малиот Алмир. Оваа контроверзна одлука беше оспорена од четири јавни обвинители“, рече Саљији.

 

Според неофицијални извори Саљији неминовно ќе бил опфатен со реконструкцијаta на Владата која што ја најави премиерот Заев, затоа што Министерството за правда наиде на остри критики околу реформите во правосудството и Советот за реформи, од кој претходно си заминаа истакнати експерти.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи