Кузески : Штрајкот во „Еурокомпозит“ е нелегитимен, 10-те суспендирани го кршеа работниот ред и дисциплина

Денешниот штрајк не е легитимен, а 10-те вработени, од кои 8 се членови на синдикатот, добија налози за суспензија бидејќи секојдневно го кршеа работниот ред и дисциплина. Ова денеска го изјави генералниот директор на „Еурокомпозит“, Александар Кузески, откако вработени стапија во генерален штрајк.

 

„Дисциплинска комисија вчера ги подели налозите за суспензија. Во тој момент тие беа физички и вербално нападнати, а претседателот на синдикалниот одбор Роберт Богданоски лично физички нападна еден од членовите на комисијата. Потоа истите лица креираа ситуација на хаос и донесоа наводна одлука за штрајк, но веќе не се легитимни и легални претставници на вработените и со тоа штрајкот не е легитимен. Тоа е архивирано и документирано. Не ги потпишаа налозите за суспензија и ги носат луѓето во заблуда. Суспендираните треба да бидат отстранети од кругот на фабриката биидејќи самоволно поставиле катанец на влезот на фабриката“, изјави Кузески.

 

Кузески истакна дека ќе било објавено и соопштение дека штрајкот е нелегитимен и ги повикува вработените да се вратат на работните места и да се продолжи со работата како и што било предвидено.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien