ВИДЕО – Ралповски : Во моментов се случува страшен удар врз синдикалното движење во Македонија

Во овој момент се случува страшен удар врз синдикалното движење, страшно непочитување на колективните договори и голем атак врз синдикатите. Доколку набрзо не се реши оваа ситуација ќе следи радикализирање на нашите чекори. Ова денеска го потенцираше Благоја Ралповски, претседател на конфедерацијата на слободни синдиикати на Македонија и на гранскиот синдикат администрација и државна управа на Македонија, на работилницата која се одржа во Прилеп. Пред присутните се презентираше и проектот „365 дена работнички права“, кој се спроведува во координација со конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

 

 

„Целта е да се едуцираат сиите граѓани на Македонија во однос на нивните права и обврски. Во однос на синдикалното движење во Македонија, можам слободно да кажам дека социјалниот дијалог и социјалното партнерство во моментов е на најниско ниво, од причина што по барањата на конфедерацијата на слободни синдикати за остварување на нашите права согласно нашите права и колективните договори имаме атак над синдикатите и во овој момент се случува страшен удар врз синдикалното движење, страшно непочитување на колективните договори, страшно непочитување на социијалниот дијалог“, истакна Ралповски

 

Ралковски вели дека Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на 17 јануари направила еден предупредувачки протест, но очигледно тоа не било доволно за да се седне на маса за да се разговара за нивните права.

 

„Имавме неколку средби со Владата од тогаш па наваму, но очигледно е дека некој манипулира и купува време за растурање на синдикалното движење во Македонија. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија веќе достави иницијатива до гранските синдикати кои до 10 април треба да решат за понатамошните чекори на синдикатите. Членството бара радикализирање на нашето делување. Мислам дека тоа ќе се случи многу брзо доколку не се најдат решенија по нашите барања и доколку не престанат нападите врз синдикалните организации. Ете отказ доби претседателот на конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, сега отказ добии и претседателот на гранскиот синдикат за транспорт и врски, многу синдијални лидери започнаа да се деградираат и им се закануваат со дисциплински постапки“, дададе Ралповски.

 

Сите овие примери биле документирани и испратени до европската и светската конфедерација.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи