Во Анкара направена најголемата баклава на светот

Група турски готвачи ја направија најголемата баклава во светот, тешка повеќе од 500 килограми. Баклавата им била послужена на гостите во огромна тепсија на Самитот за гастрономија во Анкара.

 

Мехмет Канбур, кој ја предводел групата од 14 готвачи од цела Турција, рекол дека баклавата е тешка 518 килограми, што е двојно повеќе во споредба со претходниот светски рекорд.

 

„Како што знаете Турците јадат слатко и за раѓање и за умирање… Затоа му порачуваме на целиот свет: јадете слатко, говорете слатко“, нагласи раководителот на слаткарскиот тим Мехмед Канбур.

 

Слаткарите на овој „проект“ работеле три месеци. Баклавата била печена во една тепсија широка 2,5 метри и долга 7,5 метри, во посебно изградена печка. Рекордот ќе биде впишан во Гинисовата книга на рекорди.

 

Најголемата баклава во светот била исечена на 11.800 парчиња.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи