Во состав на одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ вечерва во Прилеп, нииз улиците во центарот на градот се одржа ноќна трка со должина од 5 км. Организатори се ориентациониот клуб „Златоврв“ и Општина Прилеп.
Старт и финишот беа на Реклами. Трката се одвиваше во два круга од 2.5 километри. Натпреварувачите тргнаа од Реклами кон хотел Липа, кај хотел Липа се врти лево се до Стоковната куќа кај Симпо, потоа повторно се врти лево покрај градската река се до мостот Табана. Од мостот Табана учесниците повторно се враќаат кон центарот.
Имаше пријавено преку 100 натпреварувачи од повеќе градови на Македонија. Оваа ноќна трка за прв пат се организираше во состав на одбележувањето на „Часот на планетата Земја“.
129