ВИДЕО – Прилеп доби нов парк – „Парк на планетата Земја“

По повод светскиот ден кога се одбележува „Часот на планетата Земја“ Прилеп доби нов парк насловен како „Паркот на планетата Земја“. Во паркот денеска беа засадени 20 млади садници, а тој е лоциран на патот кон манастирот „Трескавец“ во месноста „Песјобрдце“.

 

„Денеска по деветти пат го одбележуваме „Часот на планетата Земја“ што се одбележува во повеќе од 170 земји во светот. Затоа засадивме нови 20 садници на местото, што во иднина ќе претставува  „Парк на планетата Земја“. Оттука сакам да упатам и еден апел до сите граѓани, екологијата да е што позастапена во нашиот град, а Општина Прилеп заедно со комуналните претпријатија ќе се трудат градот да биде што почист, Прилеп да има чиста вода за пиење“, порача градоначалникот Јованоски.

 

 

Во оваа активност се вклучија и припаднците на Црвениот крст од Прилеп.

 

„Денеска, ние младите од Црвен крст се вклучивме во акцијата, изразувајќи ја нашата поддрка на акцијата „Часот на планетата Земја’, засадувајќи дрвја во новиот парк. Со ова сакаме да ја подигнеме еколошката свест кај граѓаните“, акцентираше младата Катерина Божиноска, претставник од Црвен крст.

 

Активностите продолжуваат вечерва во 19.30 со старт на ноќната трка од пред реклами, која ќе биде долга 5 км.

 

Во 20.30 часот на Паркот на револуцијата ќе бидат исклучени светилките, со што симболично и Општина Прилеп се вклучува во екоакцијата за заштеда на ресурсите. Младите од Црвениот крст во истиот момент ќе запалат свеќи во форма „60+“ означувајќи ги заштедите со исклучување на електричната енергија.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи