Почина рокерот Симеон Иванов – Канго

По тешко боледување на 67-годишна возраст денес во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов – Канго.

 

Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

 

Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.

 

Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien