Јованоски : Се надевам дека со помош на УНДП ќе продолжи проектот „Општинско корисна работа“

Пред завршувањето на проектот „Општинско корисна работа“, градоначалникот Илија Јованоски денеска го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“. Покрај средбата со двете ангажирани лица кои работат како психолози, а се дел од проектот, од име на локалната самоуправа, градоначалникот на Дневниот центар му донираше нагледни средства.

 

„Општина Прилеп по четврт пат во 4 институции од нашиот град го имплементира проектот „Општинско корисна работа“. Со финансиска поддршка на УНДП, Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика, во 4 организации привремено се вработени 15 лица, од кои 7 во детските градинки, 5 во домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, 2 во Дневниот центар „Ѕуница“ и едно лице во ООУ „Добре Јованоски“. Се надевам дека со помош на УНДП, проектот ќе продолжи и понатаму да се имплементира и дека ќе најдеме заеднички јазик со вработените, со цел да нема прекин на континуитетот во нивната работа“, изјави градоначалникот Јованоски.

 

„Ние сме многу задоволни од текот на проектот. Стекнавме практични знаења кои ќе ни помогнат при вработувањето. Исто така, се надеваме дека проектот ќе продолжи бидејќи мислиме дека многу помогнавме во оспособувањето на децата, со кои работевме и индивидуално и групно“, вели психологот Елена Милеска, која заедно со нејзината колешка Катерина Кировакова, 6 месеци работеа со штитениците на Дневниот центар.

 

Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“, го посетуваат 20 штитеници. Проектот има за цел преку општинско корисна работа да се обезбедат поквалитетни социјални услуги за граѓаните на локално ниво и, истовремено,  да им се овозможи на невработените лица да стекнат работно искуство и подобри квалификации, со што ќе станат поконкурентни на пазарот на труд и ќе им се зголемат можностите за вработување.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи