Бесплатно ќе се лекуваат децата од социјални семејства

Facebook
Twitter
Email
Print

Лицата на возраст до 18 години чии семејства се корисници на социјална парична помош нема да плаќаат партиципација при користење здравствени услуги.

 

Оваа одлука вчера на седница ја донесе Владата, а денеска ја образложи министерот за здравство Венко Филипче.

 

„Со ова очекуваме да се зголеми достапноста на здравствени услуги и да се поштеди оваа вулнерабилна група од дополнителни финансиски трошоци при остварување на правото за здравствена заштита. Овие млади луѓе бесплатно ќе се лекуваат во сите јавни здравствени установи, специјалистичко консултативни и болнички дејности. Станува збор за програма која ќе ја спроведува Министерството за здравство со која ќе бидат опфатени 20.000 лица и од буџетот се одвоени 20 милиони денари“, рече Филипче.

 

Министерката Царовска истакна дека станува збор за хумана мерка која ќе даде квалитет во живеењето на семејствата приматели на социјална парична помош. Ослободувањето од партиципација за здравствени услуги, болничкото лекување и специјалистичко консултативна дејност, посочи Царовска, се значителна и дополнителна поддршка за семејствата кои примаат социјална парична помош.

 

„За нас како Влада секое дете е важно и секое дете треба да има право да се развива и расте во здрави и соодветни услови. Знаеме дека социјалната заштита се уште е на едно ранливо ниво заради тоа што наследивме руиниран систем. Но, со овој чекор ние даваме можност да биде остранет еден од социјалните ризици на децата. Со бесплатна здравствена заштита семејствата нема се размислуваат дали да ги однесат на лекар децата, мислејќи прво на парите, а не на здравјето. Со намалувањето на трошоците остануваат повеќе средства за живот“, рече Царовска.

 

Од организацијата „Лил“, кои ја покренаа оваа иницијатива, ја поздравија одлуката и посочија дека семејствата корисници на социјална помош веќе нема да размислуваат дали да ги однесат своите деца на лекар и дали имаат средства да ја платат здравствената услуга.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи