Учениците Михаела Здравеска и Филип Стојковски од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево освоија второ место на Фестивалот за гастрономија во Брач, Хрватска.
Тимот на Наум Наумовски Борче, под менторство на професорите Љупчо Крстевски и Оливера Карева Скола, на Фестивалот за гастрономија „Бисер мора“ беа единствени учесници од Македонија, а се натпреваруваа во конкуренција од 32 тима.
Ова не е прва награда за крушевската гимназија на овој Фестивал. Минатите две години ученици од Наум Наумовски Борче освојуваа 3-ти места.