Џафери нема да се потпише место Иванов

Facebook
Twitter
Email
Print

Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Македонија изјави дека нема намера да го потпише указот за Законот за употребата на јазиците наместо претседателот на државата.

 

„Нема да се впуштам да ставам потпис под нечие друго име”, рече Џафери на брифинг со новинарите.

 

Џафери рече дека нема да стави двоен потпис на Законот за употреба на јазиците, но дека има други излезни решенија за ситуацијата со џебното вето на претседателот Иванов. Тој кажа дека се анализираат сите можни решенија за излез од сегашната ситуација, без да оди во детали. Џафери исто така информираше дека побарал средба со шефот на државата, но оттаму не добил одговор, веројатно, како што рече, затоа што Иванов бил зафатен.

 

Џафери повтори дека нема рок во кој Иванов треба да го потпише законот, но тој има обврска и е должен да го потпише.

 

„Според одредбите на Уставот, Иванов го прекршува Уставот, не го прекршувам јас. Законодавниот дом не може никој да го спречува да носи закон и да го стави во функција, ако е така, тогаш имаше проблем со демократијата со поделба на власта“, вели Џафери.

 

Џафери се надева дека од следната недела пратениците од опозицијата ќе се враќаат во Собрание, оти како што вели, аргументот што го користеле со притворените пратеници, сега е исполнет, тие се во домашен притвор, па ВМРО-ДПМНЕ немаат веќе зошто да го бојкотираат Парламентот. Според него, усогласени се најголем дел од законите во работните групи меѓу парламентарните партии.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи