Учениците од основните училишта во Прилеп се натпреваруваа во подготовка на разни видови на храна

Денес во просториите на основното општинско училиште „Климент Охридски” од Прилеп учениците од основните училишта од нашиот град кои го изучуваат предметот „Вештини на живеење“ се натпреваруваа во  изработка и декорација на храна.

 

Овој натпревар е една од активностите кои претставуваат дел од проект во рамките на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ). Програмата е имплементира од Црвениот крст на Република Македонија во сите општински организации и има за цел да ја покрене свеста кај младите за помагање во општеството.

 

 

 

Атмосферата на овој хуманитарен натпревар беше збогатена со присуството на вештите жени од Прилеп, кои своите способности ги покажаа со оценувањето на декорираната храна. Собраните средства, претставниците од Црвениот крст ќе ги донираат на седумчлено социјално загрозено семејство.

 

Организаторите ја искажаа и својата благодарност до: „Витаминка”, пекара „Џулијано”, „Дониа”, слаткарниците „Бајадера” и „Монте” и ресторан „Рустика” кои својата хуманост ја покажаа со донирање на дел од своите производи.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien