Пред новата рунда на преговори во за името во Виена, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас изјави дека се надева дека ќе се направат позитивни чекори за решавање на овој долгогодишен спор.
Овој пат министрите од Македонија и Грција, Димитров и Коѕијас, ќе се сретнат со посредникот на ОН Метју Нимиц, при што на маса ќе бидат преставени двете нацрт-спогодби.
Позицијата на Грција е сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав.
Македонската страна останува на ставот дека слеано име не е најдостоинственото решение, особено не непреведено и секако прашањето да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата.
Пред сoстaнoкoт нa Нимиц сo Димитрoв и Кoѕијaс, присутнa билa и шефицaтa нa aвстрискaтa диплoмaтијa Карин Кнејсл. Состанокот се одржува во министерството за надворешни работи на Австрија и според досегашните искуства се очекува да трае неколку часа.