ВИДЕО – Хуманитарна акција на Фото кино клубот од Прилеп и графичката струка од СОУ „РРР“

Фото кино клубот од Прилеп и графичката струка од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ денеска на градскиот плоштад од Прилеп организираа хуманитарна акција, собирајќи средства за 8 годишно девојче на Битола кое боледува од тумор на главата. Средствата се собираа на таков начин што фотографиите направени од членовите од Фото кино клубот се продаваа за симболична цена од 100 денари.

 

 

„Овие средства се наменети за девојче од 8 години кое боледува од тумор и потребни се средства за итна операција. Фотографиите се од Фото кино клубот, од фотографската секција од Ристе Ристески Ричко. Заедно сме тука за да ги продадеме овие фотографии со цел да се соберат донации за девојчето. Има повеќе слики продадено, се надевам за уште многу повеќе, бидејќи стварно требаат пари за донација. Се надевам дека вакви акции ќе има и наредната сабота и недела. Ова е прв пат што нашиот клуб организира ваква акција. Ова е наш мотив дека ќе продолжиме и понатаму со вакви хуманитарни акции“, истакна Андреј Златаноски, организатор на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien