ВИДЕО – По 5-ти пат се одржа планинарскиот марш „Даре Џамбаз“ во Прилеп со над 600 учесници

Над 600 љубители на природата од цела Македонија учествуваа на 5-тиот традицонален планинарски марш „Даре Џамбаз“ кој се организира во чест на основоположникот на планинарството и крводарителството во Македонија. Организатори се планинарското друштво Козјак од Прилеп, а целта на ваквите настани била промоција на планинарењето како здрав начин на живот.

 

 

„Планината е извор на здравје и извор на пријатели. Тука имаме гости од сите градови, имаме гости од Косово, Грција и еден пар Англичани“, истакна Методија Ризаноски, претседател на планинарско друштво „Козјак“ Прилеп.

 

Оваа атрактивна планинарска тура е со должина од 16 км. и на неа се посетуваат повеќе културно – историски споменици како што се старомакедонските гробници кај Горно село, Манастирот Трескакавец, Марковите кули и манастирот Св. Архангел Михаил. Гостите беа воодушевени од теренот, а за сите посетители имаше обезбедено планинарско гравче на манастирот Трескавец. Имаше гости и од соседна Грција.

 

„Убаво дружење, чист воздух, прекрасна природа, манастириот е убав, одлична организација“, рекоа дел од учесниците.

 

„Доаѓам тука за планината и за Богородица. Ние сме 4 мина и доаѓаме од Флорина, Лерин“, вели Ставрос Пападопулос, учесник од Грција.

 

„Ова е преубаво место, тука има манастир, пешачевме 2,5 часа од Прилеп и доаѓаме по втор пат тука оваа сезона“, рече Леонидас Каравјанос, учесник од Грција.

 

Планинарењето станува се попопуларен спорт кај прилепчани каде веќе функционираат 5 планинарски друштва и секое од нив нив има по еден ваков голем настан во текот на годината. За 15 дена Прилеп го очекува уште еден голем планинарски хепенинг, а тоа е маршот „Томе Темелкоски“ на Селечка планина, во организација на друштвото „Мамути“, каде исто така се очекуваат гости од цела Македонија.

 

„Најавени се околу 500 гости од скоро сите градови во државава“, кажа Владимир Јованоски, претседател на планинарско друштво „Мамути“.

 

Маршот заврши во најстарата населба Варош во Прилеп со посета на старите цркви и манастири.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи