ВИДЕО – ЛЕАДЕР пристапот двигател на промените во руралните средини и еден од најкреативните пристапи во ЕУ

На 03 април 2018 година, во општинската зграда на општина Битола се одржа првата отворена дебата, во рамките на проектот „ЛЕАДЕР пристапот во Македонија – предизивици“.  Целта на проектот е зголемување за информираноста за ЛЕАДЕР пристапот и улогата на локалните акциони групи за руралниот развој во Пелагонискиот регион

 

На првата дебата учествува представници на руралните средини, ѝпретставниците на граѓанското општество, претставниците на локалните власти, локалните медиуми и сл. Главен соработник на отворената дебата беше Локалната Акциона група Пелагонија – Новаци. Меѓу присутните соработници присуствуваа и Соња Трпкова, водител и новинар во Македонско радио 2 и инфо порталот Инфо Компас.

 

 

„Целта на оваа информативна средба е промоција на Лидер пристапот кој што е еден од најкреативните и најиновативните пристапи во ЕУ,  што почнал да се спроведува во 1991 година и докажано е дека навистина е двигател на промени во руралните средини. И во Македонија Лидер пристапот станува дел од националните програми за земјоделство и рурален развој, така да се заснова идеата за создавање на локални акциони групи на територијата на пелагонискиот плански регион, кои што се едни од 7-те карактеристики на европскиот Лидер пристап. Денес овде, во соработка со локалната акциона група Пелагонија, која што активно делува на територијата на Општина Битола, Општина Могила, Општина Новаци и Општина Демир Хисар, заедно ја одржавме оваа информативна средба со цел промоција на Лидер пристапот, промоција на работата на локалните акциони групи. Со промоцијата на Локалните Акциони Групи се надеваме дека ќе обезбедиме кај локалното население од локалните акциони групи да почне да ги препознава Локалните Акциони Групи како врски помеѓу нив, помеѓу сите релевантни чинители од руралните средини, јавниот сектор, приватниот сектор, граѓанските организации со цел спроведување на заеднички акции, градење социјална кохезија и заеднички придонес за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини. Овој проект морам да напоменам е во соработка со медиумите. Тука на наша чест и задоволство присуствува и госпоѓа Соња Трпковска, претставник од Македонското радио, која што е насочена, фокусирана во делот на земјоделство и рурален развој и воедно претставници од регионалниот портал Инфо Компас. Ова е уште еден доказ дека медиумите и граѓанските организации треба да работат заедно, со цел да се двигатели на промени во средините и локалните заедници каде живееме“, истакна Марина Тошеска, Агро Лидер.

 

„Го организираме овој форум, каде што даваме придонес во препознавањето на Лидер пристапот, заедно со нашите колеги од ЛАГ Агро Лидер како дел од нивниот проект. Значи Локалната Акциона Група Пелагонија, Новаци, постои од 2014 година и работи на подобрување на социо-економски развој во руралните средини. Потикнувањето на руралниот развој не значи само поттик на земјоделието, туку значи комплетен социо-економски развој. Членките кои што го сочинуваат ЛАГ-от Пелагонија потекнуваат од јавниот сектор, од приватниот сектор и од граѓанскиот сектор. Иницијативата која што следи како понатамошна работа, значи процес, значи Локалната Акциона Група Пелагонија ќе продолжи во понатамошниот период да работи на препознавањето на лидер пристапот, на конкретни активности, акции на локалните заедници, кои ќе придонесат за развој и подобрување на условите за жителите на руралните средини и се надеваме дека ќе го поттикниме граѓанскиот активизам и ќе придонесиме за решавање на проблемите на луѓето на село“, додаде Гордана Лозановска Стефановска, претседател на ЛАГ Пелагонија.

 

 

Дебатата обезбеди „безбедно“ место за дискусија и размена на искуства помеѓу сите засегнати страни поврзани со ЛЕАДЕР пристапот и работтаа на ЛАГовите.  Воедно беше  промовира теоретската рамка која се состои од состојби во системот во Македонија, модели на демократија, работа на ЛАГовите, итн. Со одржаната дебата присутните  беа информирани и едуцирани за законодавството на ЕУ за ЛАГовите, улогата на медиумите во општеството, моделот на демократија и ќе промовираат примери за добра практика, право на пристап до информации, перспектива и предизвици на ЛАГовите и медиумите.

 

„Остваривме соработка во изминатиот период со ЛАГ Агро Лидер од Кривогаштани и се надевам дека успешно ги презентиравме сите досегашни реализирани проекти, продолжуваме со соработката и во наредниот период постојат многу добри идеи и проекти што Агро Лидерите и воопшто ЛАГ-овите во Република Македонија преку политиките на ресорното министерство за развој на Локалните Акциски Групи се издвојуваат и средства преку програмите за рурален развој, преку фондовите од ЕУ што треба да овозможат креирање стратегии за локален економски развој. Тука ја гледам и можноста да самите Локални Акциски Групи да се поврзат и нивното мрежно поврзување може да доведе до подобри резултати. Ќе се направи соодветно на тоа и анализа каде се приоритетите, на што треба да се фокусираат во наредниот период и секако ги ценам нивните иницијативи, иницијативите на Лидер за да се престават пред пошироката јавност на локално ниво, но имаат и одлични идеи за меѓународна соработка со локални акциски групи од развиените земји во Европа. Веќе остваруваат контакти и посети, така да сите искуства од таму ќе бидат добредојдени за да се применат во Република Македонија“, изјави Соња Трпковска, Македонско радио.

 

Вакви отворени дебати ќе бидат одржани и во општина Кривогаштани и општина Крушево.

 

Проектот е поддржан од Европска Унија и граѓанската асоцијација МОСТ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien