ВИДЕО – Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на спортот и Меѓународниот ден на пингпонгот

Пингпонгарската федерација на Македонија, заедно со пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ по втор пат на градскиот плоштад во Прилеп го организираа настанот „Меѓународен ден на спортот или Меѓународен ден на пингпонгот“.  Присутен беше и претседателот на МОК, Васил Тупуркоски.

 

 

„Прилеп не случајно е избран да биде центар и град кој во кој што ќе се организира овој настан, бидејќи Прилеп важи за центар на пингпонгот во Македонија. Од Прилеп произлегле многу големи пингпонгари, кои со успех настапувале во своите клубови, го преставувале градот Прилеп и нормално Република Македонија. Светската пингпонгарска федерација го организира и е промотор на овој настан и само да најавам дека за оваа година има 89 земји членки на Светската пингпонгарска федерација, кои што го одбележуваат овој настан, со 360 локации. Ние како пингпонгарска федерација централниот настан го организираме токму тука во Прилеп, додека наредната недела продолжуваме со организирање и со одбележување на манифестацијата за Меѓународен ден на спортот со ревијален турнир на најдобрите млади пингпонгари на Република Македонија во Скопје. Во оваа пригода сакам да се заблагодарам на Македонскиот олимписки комитет, особено на претседателот Васил Тупурковски, кои што ни даваат огромна поддршка не само за овој настан, туку и целосно на сите проекти кои што пингпонгарската федерација ги има доставено до олимпискиот комитет. Само да напоменам дека минатата година, нормално со помош на Македонскиот олимписки комиетет, пингпонгарската федерација на Македонија оформи 4 центри кои што функционираат во РМ. Меѓу нив е и градот Прилеп, Штип, Крива Паканка и Скопје. Оправданоста на отворањето на тие центри се покажа годинава, каде што на државното првенство во Битола за пионери имавме над 100 дечиња, кои што го оправдаа  постоењето на тие школи“, изјави Златко Рикалоски, потпретседател на пингпонгарска федерација на Македонија.

 

И Претседателот на МОК истакна дека Прилеп заслужено е домаќин на манифестација од ваков калибар.

 

„Ги поздравувам учесниците на овој прекрасен спортски настан денеска во Прилеп. Заслужено е во Прилеп, бидејќи Прилеп е континуирано центар на пингпонгот во Македонија. Некогаш многу јак, некогаш послаб. Еве тука со мене случајно дојде господин Стево, кој што е творец на пингпонгот во Прилеп. Случајно го видов сега и чест ми е да те поздравам. Благодарам на зборовите на градоначалникот за тоа што локалната самоуправа во вакви мали спортови посебно може да пружи голема помош и голема поддршка на развојот на спортот. Ако се развива спортот, ќе се решаваат здравствените проблеми на младите, на децата, бидејќи се многу во Република Македонија. Затоа пингпонгарската федерација на Македонија е значајна за нас, како и секој друга, меѓутоа субјективно јас бев активен пингпонгар, сите овие луѓе ги познавав лично и ми се одлични пријатели. Така да го поздравувам овој голем спортски настан бидејќи е дел од олимпиското семејство што слави денеска, Прилеп е дел од олимпиското семејство во Обединетите Нации и ние со вакви за некого мали настани сме дел од светската заедница“, изјави Васил Тупуркоски, претседател на МОК.

 

Градоначалниикот Јованоски на сите спортисти им го честиташе денешниот ден и им посака да носат уште многу многу трофеи за Прилеп и Македонија.

 

„Сакам да им честитам на сите пингпонгари кои што денеска на плоштадот Методија Андонов – Ченто играат баш во овој момент. Сакам да им посакам на сите да одат понатаму, затоа што ги има од сите генерации. Со посебна поддршка на локалната самоуправа и јас како градоначалник во понатамошниот период ќе ја имаат нашата поддршка, како финансиска, така и друга помош што ќе им биде потребна“, додаде Јованоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи