Карлес Пуџдемон на слобода со кауција

Германските обвинители соопштија дека наложиле поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон веднаш да биде пуштен од затвор, откако уплатил 75.000 евра кауција.

 

Канцеларијата на обвинителството во Шлезвиг наведува во соопштението дека Пуџдемон оставил адреса во Германија, каде ќе престојува додека судот не донесе одлука за барањето на Мадрид за негово испорачување по основ на тужбата за злоупотреба на јавни средства, пишува АП.

 

Порано денеска, адвокатите на поранешниот каталонски лидер стигнаа во германскиот затвор во кој тој престојува последните две недели и се очекува наскоро да биде пуштен откако ја плати кауцијата.

 

Германскиот државен суд во Шлезвиг вчера донесе одлука дека Пуџдемон може да биде пуштен со кауција, отфрлајќи го барањето на Мадрид тој да биде испорачан врз основа на главното обвинение, а тоа е тужбата за бунт.

 

Но, германскиот суд соопшти дека не го отфрлил барањето на Мадрид за испорака на Пуџдемон по друга основа, односно за злоупотреба на јавни средства, и дека тој ќе биде пуштен дури откако судот ќе ја донесе одлуката за евентуална негова испорака.

 

Шпанската влада соопшти дека ја почитува одлуката на судот.

 

„Владата никогаш не изнесува мислење за судски одлуки, особено кога станува збор за судски одлуки во некоја друга земја. Секогаш се почитувааѕ, без разлика дали н се допаѓа или не“, вели портпаролот на шпанската влада.

 

Инаку, во објаснувањето од судот во Шлезвиг, стои дека Пуџдемон не може да биде испорачан според обвинението за бунт затоа што германскиот закон за таква тужба подразбира употреба на сила доволна да се скрши волјата на власта.

 

Пуџдемон беше уапсен во Германија по шпанска потерница кога се обиде на 25 март да се превезе од Финска во Белгија, каде во моментот престојува.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien