ВИДЕО – Во Прилеп одбележан патрониот празник на пчеларите

Прилепските пчелари денеска го одбележаа својот патрон празник Свето Благовештение со зарежување на славскиот колач и присуство на литургијата со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско – Пелагонски Г. Петар во црквата Свето Благовештение или Стара Црква. Годинава домаќин беше Илко Петкоски.

 

 

„Ова е повеќегодишна средба на пчеларите. Се слави на Благовештение секоја година. Оваа година се погоди да биде и на Велика Сабота, значи уште еден празник. Се дружиме еве 15 години. Имаме поголем број пчелари присутни тука. Пеевме свечено литургија по повод денот на пчеларите, покрај другите верски обреди што ги исполни тука Владиката Петар и свештенството од прилепската црква. Нека им е среќна славата на сите, мислам дека црквата кажа дека ќе биде симболично славањето поради Велика Сабота оваа година. На пчеларите им посакувам родна година, да имаат повеќе мед. Честит празникот Велигден на сите православни христијани, честито хоскресението на Христос, за многу години празникот, здравје и успех на сите“, изјави Илко Петкоски, годинашен домаќин.

 

Претседателот на прилепското пчеларско здружение „Братство“, Дејан Бошкоски, на сите пчелари им го честиташе празникот и им посака бериќетна година.

 

„Во чест на празникот Свето Благовештение, традиционално во организација на пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп, го славиме овој наш патрон празник. Секоја година се јавува нов домаќин, односно кум, кој ги води овие свечени работи и кој е главен и одговорен. Во оваа прилика би сакал да ги поздравам сите пчелари, сите граѓани, сите христијани и да им посакам родна година, бериќетна, добро здравје, среќа и успех во нареднава година“, истакна Бошкоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи