ВИДЕО – Г. Петар : Признавањето мора да биде со заедничко сослужување, давањето благодатен оган и миро е само добра намера

Признавање на МПЦ мора да биде со писмен акт и заедничко сослужување, давањето благодатен оган и миро е само чин на добра намера. Вака денеска во Прилеп, Митрополитот Преспанско – Пелагонски Петар ги прокоментира последните иницијативи на Бугарската православна црква да ни го даде благодатниот оган од Ерусалим и осветено миро.

 

 

„Мислам дека тие работи не се предмет на признавање на една црква. Признавањето на една црква е покажаната љубов со признавање де јуре, односно со писмен акт и де факто со сосложување. Тоа другото се добри желби и намери, но тоа не е најбитното. Најбитното е да се одоброволат љубовта Христова да завладее во нив и со нив и да не признаат и де јуре, Цариградската патријаршија со томос во консензус со другите помесни православни цркви, но исто така и де факто со сосложување со сите помесни православни цркви. Работиме со сета душа и со сето срце, чесно и достоинствено, да ги поттикнеме помесните православни цркви, особено во овие восесенски денови, љубовта Христова да преовладее со сите нас и со нив и да покажат вистинска љубов кон овој наш напатен православен македонски народ и кон нашата Македонска православна црква, со децении, па и со векови наназад обесправувана, народ обесправуван и држава и нација обесправувана. Сметам дека молитвите на благочестивиот наш народ ќе стигнат до престолот на севишниот и ќе ги поттикнат срцата и душите на сестринските помесни православни цркви, особено на Цариградксата патријаршија како првопрестолна да погледнат благонаклоно кон нашата света црква и да ја дадат својата согласнот да бидеме во единство со православната екумена“, изјави Владиката Петар.

 

До народот во Македонија упати порака да им прости на сите кои ни згрешиле и да се смириме со сите со кои сме скарани заради Христовото Воскресение, но сепак требало да се биде буден затоа што државата била во опасност.

 

„Нашата порака е исто така до сите наши верни чеда најодговорно да размислиме и да се однесуваме и да постапуваме во овие тешки периоди од опстојувањето на нашата татковина, зашто никогаш и не сме биле во поголеми искушенија, како што сме сега, во смисла да си го запазиме нашето свето име на државата Македонија, нашето национално име на нашата нација како Македонци, јазикот, унитарноста на државата, нашата света црква и се што не прави да бидеме вистински христијани православни, но истовремено и Македонци. Во тој дух да не дозвлиме да се понесуваме по чувствата и желбите за материјалните богатства, туку пред се да ги цениме духовните вредности, а тоа е верата наша света православна, името наше свето и се што е наше во духот на нашата православна вера и црква“, додаде Владиката Петар.

 

Инаку тој денеска на сите верници им го честиташе празниците, денешниот Свето Благовештение, кој е и патрон парзник на „Стара Црква“ во Прилеп и утрешниот најголемиот ден во христијанството – Велигден.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи