Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, на денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април препозна тројца од напаѓачите на Села – Александар Јаневски, Никола Војминоски и Кире Ѓоргиевски.
„На 10 до 15 метри од мене видов на земја како лежи човек и го маваат со клоци и тупаници, а тој се помрднува од ударите. Тие ја прославија наводната смрт на господинот Села“, рече Манчевски.
Откако прославиле, се насочиле кон другите и рекле дека Заев е следен.
„Дел од нив врзуваа и кабли како за бесилка и се обидуваа да фатат некој од нас и да го извлечат од групата пратеници“, кажа Манчевски.
Манчевски истакна дека не се сеќава кој од обвинетите што му направил на Села, но, како што рече, добро се сеќава што му направиле нему.
„Веднаш се упатија кон нас, еден од нив кон мене се упати и ми удри бокс по лицето. Носот ми беше скршен. Некои маваа со раце, некои со сталаци, некои со компјутери. Кирил Ѓоргиевски, Никола Воиновски и Цео Ѓоргиевски лично ми се закануваа и ме удираа“, истакна Манчевски.