Мегленски ќе биде новиот тренер на Победа до крајот на сезонава

Facebook
Twitter
Email
Print

Иако дојде како големо засилување во Прилеп, Слободан Крчмаревиќ, бившиот селектор на младинските селекции на Србија по нецел месец откако беше наименуван за тренер на Победа си замина од прилепскиот прволигаш и нов тренер, четврти сезонава ќе биде досегашниот помошник Тони Мегленски, објавија од прилепскиот прволигаш.

 

Како што објавија од Победа, Крчмаревиќ поради дополнителни ангажмани заминува, но ќе остане во клубот со совети да помогне во летниот преоден рок околу изборот на нови фудбалери. Српскиот стратег жали што предвреме заминува од Прилеп, потенцирајќи дека до крај ќе биде со Победа, иако фактични нема да присуствува на мечевите во завршницата од сезоната во битката за опстанок. Тој беше наименуван за кормилар на 13 март годинава.

 

„Би се заблагодарил на сите во клубот за срдечниот пречек и соработката во овој краток временски период. Уште на самиот почеток на соработката беше договорено да во случај на некои мои обврски нема да се знае и дефиниран периодот на моето останување во клубот затоа што чекав да заминам и претходно. Во секој случај ќе бидам со Победа до крај. Искрено верувам дека фудбалерите заслужуваат да останат во Првата лига. И не само тие туку и сите луѓе кои го водат клубот и кои трошат огромна количина на енергија и се вложуваат значителни финансиски средства и сите обврски кон сите во клубот се измирени. Прилеп како голем фудбалски центар, каде се реновира и Градскиот стадион заслужува да има клуб во Прва лига. Катастрофа би било и за македонскиот фудбал Победа да испадне во Втора лига и за ова сите во македонскиот фудбал треба сериозно да се замислат затоа што Прилеп е фудбалски град и центар кој многу дал за фудбалот во оваа земја. Особено зошто клубот е организиран на сите нивоа со младинска школа со над 200 деца и 10-на категории млади селекции. Им посакувам среќа на сите и ќе навивам за Победа“, изјави Крчмаревиќ.

 

Пред Мегленски сега е најтешката задача во завршницата од сезоната да ја задржи Победа во македонската елита, а тој посочи дека за Победа одбил и понуда од странство.

 

„Имам отворена понуда од клуб од странство, но сите добро знаат што значи Победа за мене. Клубот бил и е второ семејство и затоа чувството дека сега и во оваа ситуација сум и најпотребен на Победа. Бев со Победа и кога се освојуваа шампионските титули, но и кога се минуваше трнливиот пат од третата лига до враќањето во Првата лига. Потребен сум и на екипата и напорно ќе работам го оствариме планот и да останеме во Првата лига. Не очекуваат решавачки натпревари во преостанатите десет кола и само обединети и сплотени сите структури во клубот, фудбалерите и нашите феноменални навивачи можеме да ја оствариме целта“, вели Мегленски.

 

Победа сезоната ја почна со Зоран Штерјоски на клупата, кој по слабите резултати беше заменет со Црногорецот Славољуб Бубања, а него го наследи Слободан Крчмаревиќ неодамна. Сега, Мегленски, кој му беше помошник на Србинот ќе ја доврши сезоната.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи