Воздушната одбрана на руската флота на Црното море издаде наредба за предупредување за напад, пренесе шведскиот политичар Карл Билт на својот Твитер профил. Веста ја пренесоа и други медиуми, но се чека на официјална потврда.
Поедини медиуми пренесоа дека руското Министерство за одбрана издало наредба да биде на готовс борбената руска флота поради предупредување на евентуални напади откако се забележани воени бродови на коалиционите сили на чело со САД, Велика Британија и Франција, тргнале кон Сирија.
Според некои информации, до нападот би можело да дојде во наредните 24 часа.
За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп, се закани со воен удар врз Сирија поради наводен напад со хемиско оружје врз цивили и предупреди дека Русија, или било која друга земја, за која ќе се воспостави дека е одговорна за тој напад, „ќе ја плати цената“.
Од друга страна, рускиот амбасадор при УН Васил Небенџа обвини дека Вашингтион намерно прави меѓународна тензија и со заканувачки тон кој за Русија не би бил прифатлив дури ни во времето на Студената војна.
Небензја потсетил дека Москва ги предупредиле САД на тешки последици доколку изведат напад над сириската влада поради нападот со хемиско оружје, додека американската амбасадорка, Ники Хејли, возврати дека САД ќе одговорат без оглед на тоа дали Советот за безбедност ќе одлучи да делува во врска со нападот или не.