Сириската војска во полна борбена готовност поради можни странски напади

Facebook
Twitter
Email
Print

Сириските воени сили и нивните сојузници се во полна борбена готовност низ земјата и евакуирале некои од своите контролни точки поради можни странски напади, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

 

„Сириската војска е во полна борбена готовност во своите аеродроми, големите воени бази во главниот град Дамаск и преградијата, во Хомс и во крајбрежните региони Латакија и Тартус“, тврди Рами Абдел Рахман, човекот зад Опсерваторијата.

 

Вчера израелски авиони извршија напад врз сириската воена база Т-4 во покраината Хомс при што беа убиени најмалку 14 припадници на сириската војска и нејзините сојузници.

 

Ова било спроведено откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера жестоко го осуди наводниот хемиски напад врз Дума во Источна Гура и кажа дека американската админстрација ќе одговори во следните 24 до 48 часа.

 

Истовремено се случи инцидент во Средоземно море кога руски воени авиони во низок лет неколку пати го прелетале американскиот ракетен разурнувач „Доналд Кук“, кој го напушти кипарското пристаниште во градот Ларнака и се упати кон сирискиот брег, а моментално се наоѓа на границата на сириските територијални води, на околу 100 километри воздушна линија од Тартус. Според неофицијални извори тоа било предупредување со цел бродот да не се приближува понатаму кон руското воено пристаниште во Тартус, кое се наоѓа на брегот на Средоземното море на сириска територија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи