ВИДЕО – Илиески : Не постои никаква документација за инкасирани пари за тезгарина од дисперзираните пазари во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Едно од најголемите зла коишто му се нанесени на ЈКП „Пазари“ од страна на претходното раководство, е криминалното стопанисување со дисперзираните пазари во населбите „Точила“, „Марино мало“ и пазарот кај театарот. Истакна на денешната прес конференција Кристијан Илиески, директор на ЈКП „Пазари“ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во книговодствената евденција на ЈКП „Пазари“ не постои никаква документација за инкасирани, односно наплатени средства за тезгарина од дисперзираните пазари.

 

Земјоделците коишто закупувале тезги во дисперзираните пазари ме известија дека плаќале тезгарина, но, повторувам, евиденција за наплатата никаде не постои. Дали тие средства се внесувале во касата на „Пазари“ или завршувале во нечиј џеб, ќе треба да истражат надлежните органи.

 

Го повикувам поранешниот директор на „Пазари“ Пецо Димоски, да открие каде завршиле парите од тезгарината од подрачните пазари и од Сточниот пазар.

 

Ги нема парите од закупнината на тезгите во дисперзираните пазари, а дозволена била нелојална конкуренција за домашните земјоделци, со тоа што им се дозволувало на дивите продавачи со камиони да продаваат земјоделски производи секаде низ градот.

 

Или, пак, плаќале, а парите ги нема?!

 

Управниот одбор на ЈКП „Пазари“, токму поради ова безредие, недомаќинско работење и криминогено менаџирање, воведува ред и здрава конкуренција на пазарот на земјоделските производи.

 

Затоа, одличивме да формираме времен пазар за продавачите со камиони, на локација во центарот на градот. Мора да има регулиран пазар каде секој што продава ќе плаќа закупнина.

 

Ставаме крај на нелојалната конкуренција. Парите од закупнината на тезги мора да доаѓаат на сметката на претпријатието.

 

Градскиот пазар продолжува да работи како и досега, по стари цени, со закупнина по тезга до 5.300 денари. Цената во дисперзираните сега е 3.000 денари по тезга, речиси 80% помалку од цената во градскиот пазар.

 

Нема да дозволам да продолжи криминалното и коруптивно менаџирање со дисперзираните пазари. Секој денар во наплатата и инкасирањето на тезгарината е драгоцен, бидејќи претпријатието го наследивме во катастрофална финансиска состојба заради раскрчмувањето на имотот на „Пазари“.

 

Сите овие индиции за коруптивно раководење со ЈКП Пазари од страна на претходното раководство за коишто сега ја известувам јавноста, ќе бидат доставени и до полицијата“, истакна Кристијан Илиески, директор на ЈКП „Пазари“ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video