Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи го презентираше извештајот за реализација на планот 3-6-9 кој е од клучно значење за враќање на земјата на патот кон Брисел.

 

Тој вели дека повеќе од 90 проценти од планот се реализирани што ги надминало и најоптимиситичките очекувања на владата. Османи изјави дека на вчерашниот состанок во Брисел, од шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини земјата добиле многу пофални зборови бидејќи успеала да го реализира ветениот реформски процес.

 

„Повеќе од 90 проценти од планот 3-6-9 се реализирани. По вчерашната посета во Брисел заедничка порака која ја испратија меѓу другото и Федерика Могерини е дека Македонија успеа да испорача продуктивна реформска агенда. Реализацијата на овој план покажа една нова демократска зрелост и нов квалитет на водење на земјата. Со комплетирање на овој проcес нема да завршат реформите на оваа Влада, напротив ќе продолжат со засилено темпо“, истакна Османи.

 

Според него дел од она што не е реализиарано е поради тоа што некои мерки се во тек на преговори, некои мерки поради технички детали а некои поради тоа што опозицијата барала дополнителни консултации.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien