По САД и Франција, и Велика Британија доби зелено светло за воена операција во Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

Британската влада и даде зелено светло на премиерката Тереза Меј за евентуален напад во Сирија и се чека само одобрението од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Таа телефонски разговарала со американскиот претседател при што се согласиле дека моментно најважно е да се одврати сириската влада од употреба на хемиско оружје.

 

Состанок за евентуален напад одржа и Трамп со својот тим, но од Белата куќа беше соопштено дека немало никаков заклучок, односно дека не е донесена конечна одука. Во соопштението беше наведено дека САД сè уште ги анализираат податоците.

 

Но, состојбата може повторно да ескалира откако денеска американската телевизиска мрежа МСНБЦ објави дека претставници на американските власти добиле примероци од урината и крвта на повредените во наводниот хемиски напад во Дума, кои покажуваат дека тие се позитивни на хлорин и друг нервен агенс, што ги потврдува обвинувањата на сметка на режимот на Башар ал Асад дека во тој град е употребено хемиско оружје. Асад ги негира обвинувањата, а и Русија соопшти дека на тлото во Дума не се пронајдени траги од хемиски супстанци.

 

Во Дума сè уште не е извршена независна меѓународна истрага.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи