Итен состанок на Советот за Безбедност на ОН за Сирија

Руската федерација свика итен состанок на Советот за безбедност, по последните случувања во Сирија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија.

 

Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација во Сирија.

 

Состанокот е закажан за 16 часот по средноевропско време и ќе биде отворен за јавност.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien