ВИДЕО – Фирмите се соочуваат со недостаток на стручен кадар, младите масовно се иселуваат

Компаниите во Македонија се повеќе се соочуваат со недостаток на стручен кадар поради масовното иселување на младите од Македонија. Бизнисмените сметаат дека решението е во заедничка соработка на бизнис секторот и образовните институции, за да се продуцира таков кадар каков што е потребен на пазарот на трудот.

 

 

„Треба да се направата напори нашите млади луѓе кои што сега се запишуваат во средно училиште или високо образование да најдеме можност да гии вработиме во нашите компании и да не дозволиме тој стручен и млад кадар да излези надвор од Македониија и никогаш повеќе да не се врати тука“, истакна Сашо Самарџиоски, потпретседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

 

„Секако тоа не се решава преку ноќ, но што поскоро тоа подобро. Треба да се следат потребите на стопанството, образованието многу брзо да се преориентира ии да вади кадри какви што се потребни на стопанството“, вели Горан Попоски, извршен директор на Регионална стопанска комора Прилеп.

 

Но за жал се поголем број на млади не се гледаат себеси во Македонија. Главни причини за ова биле лошите услови за образование и малите плати. Единствено стипендиите од некои фирми би ги задржале тука.

 

„Јас ја сакам мојата држава, сакам да останам тука, но за жал условите во Македонија наложуваат студентите да се иселуваат, квалитетните кадри да заминуваат, но сепак со стипендирање од некои фирми мислам дека може да се подобрат тие услови и да се задржат младите тука“, вели Исидора Овезоска, ученик во гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп.

 

„Мојата подалечна иднина се разбира како и мои соученици ја гледам во странство и мислам дека клучниот проблем е во образовниот систем на кој што му е потребна итна реформа“, истакна Стефан Наумоски, ученик во гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп.

 

 

Професорите велат дека стопанствениците доцна се сетиле да нудат стипендии, откако најголем дел квалитетните кадри заминале во странство. Проблемот го гледаат и во тоа што сите средношколци се запишуваат на факултет.

 

„Во нормални држави запишувањето на високо образовни иинституции е секаде околу 40% некаде дури и до 30%, што значи средношкослите стручни кадри и се потребни на една држава и треба да се размислува во таа насока“, вели Диме Настески, директот на гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

Доколку не се направат под итно овие реформи недостатоткот на работна сила ќе биде се поочигледен кај македонските компании.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи