Путин: Русија најсериозно го осудува нападот врз Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

Рускиот претседател Владимир Путин силно го осуди нападот врз Сирија. Агенцијата „Тасс“ извести дека Путин изјавил дека сегашната ескалација околу Сирија ќе има разорувачко влијание околу целиот систем на меѓународни односи.

 

„Нападот на Америка и нејзините сојузници врз цивили и војни објекти во Сирија е кршењње на повелбата на УН и меѓународното право“, рекол Путин.

 

Според него, САД ги „затвораат очите пред дејствувањето на терористите, кои седум години го имачуваат сирискиот народ и поттикнуваат бран бегалци од земјата и регоонот“.

 

„За нападот врз Сирија беше искористен исцениран случај на употреба на отровни супстанци против цивилното население во Дума. Повторно, како и пред една година кога САД ја нападнаа базата Шајрат во Сирија, како повод искористија исцениран случај на употреба на отровни супстанци“, порача Путин, додавајќи дека нема потврда оти во Дума имало напад со хемиско оружје.

 

Според Путин, ескалацијата на тензиите во Сирија има „разурнувачко влијание врз целокупниот систем на меѓународни односи“.

 

„Историјата ќе го каже своето. Таа веќе му ја припиша на Вашингтон тешката одговорност за крвавите конфликти во Југославија, Ирак и Либија“, истакна Путин во писмената реакција.

 

Русија свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да разговара за „агресивните акции на САД и нивните сојузници“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи