САД и сојузниците извршија ракетен напад врз Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

САД, Велика Британија и Франција утрово околу 4 часот извршија воздушен напад во Сирија. Соопштија дека нападот има за цел да ги уништи погоните за производство на хемиско оружје кое според нив е искористено во последниот напад врз цивили во областите кои се под контрола на бунтовниците.

 

Пентагон соопшти дека цел на нападите биле Дамаск и две локации во Хомс, каде што се произведува хемиско оружје. Нападот е извршен како одговор на наводната употреба на хемиско оружје во сирискиот град Дума.

 

Сириските медиуми јавија дека е погоден научно-истражувачки центар во овој град, за кој Пентагон тврди дека е користен за развој и производство на хемиско оружје.

 

Западните медиуми објавија дека биле истрелани 110 проектили, а целите биле три локации каде се чува или произведува забрането хемиско оружје. Руските медиуми пак, објавија дека 70 проектили биле пресретнати од страна на сириската против-воздушна одбрана.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи