Кларенс Сидорф имаше импресивна играчка кариера во која беше дел од најголемите европски гиганти како Ајакс, Милан, Интер и Реал Мадрид, но сега славниот Холанѓанец е пред нов предвизвик. Од пред три години започна тренерска кариера и моментално е на кормилото на Депортиво, но неговата техника се уште е импресивна.
Тоа го покажа и на натпреварот против Атлетик Билбао кога со магичен допир ја смири топката покрај аут линијата.
Резервистите на клупата, но и публиката на трибините остана без зборови… Погледнете!
El banquillo del Deportivo flipando con el control de Seedorf.
A las 22.00h, en #ElDíaDespués pic.twitter.com/wilFqW8wHJ— El Día Después #0 (@ElDiaDespues) April 16, 2018