Сомнителна смрт на рускиот новинар кој истражуваше за руските платеници во Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

Руски новинар кој истражуваше и известуваше за смртните случаи на руски платеници во Сирија почина во болница откако мистериозно падна од петтиот кат на зградата во која живееше.

 

Соседите го нашле Максим Бородин (32) пред зградата и со тешки повреди веднаш бил префрлен во болница каде подоцна починал.

 

Портпаролот на полицијата во Сверлодската област кажа дека е „малку веројатно оваа приказна да има криминална природа“. Според неговите зборови, вратата на станот на Бородин била затворена од внатре и немало никакви знаци принуден влез. Додал дека клучевите од станот се пронајдени внатре и дека не е пронајдена последна порака.

 

Главната и одговорна уредничка на весникот „Нов ден“ каде што работел Бородин, истиот ден рекла дека не верува дека Бородин направил самоубиство.

 

Во последните неколку недели Бородин известуваше за руските платеници во Сирија познати како „Групата Вагнер“. Тие, како што беше јавено, загинале во Сирија на 7 февруари кога се судриле со американските воени сили.

 

Директорот на ЦИА Мајк Помпео рече дека во изминатите недели „стотици Руси“ загинале во судири во Сирија. Платениците наводно учествувале во нападот што го организирале борци наклонети на сириската влада.

 

Русија призна дека неколку десетици државјани на Русија загинале или биле ранети во Сирија, истакнувајќи дека не се работи за припадници на регуларната руска војска.

 

Во изминатите неколку години зачестија нападите на новинари во Русија. Државата контролира голем дел од медиумите во Русија која се наоѓа на 83. место на листата на организацијата Фридом хаус за степенот на слобода на медиумите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи