ВИДЕО – Во Прилеп државно првенство во фудбал за основните училишта женска категорија

Во Прилеп денеска се одржува државното првенство во фудбал за основни училишта, женска категорија. Учествуваат 4-те најдобри екипи од Македонија кои поминале низ систем на општински, зонски и регионални натпревари, а тоа се екипите во Прилеп, Скопје, Куманово и Кавадарци.

 

 

„Се надевам дека дел од овие ученици, во новиот тренд кој го форсира ФФМ, ќе најдат заслужено место во македонската женска фудбалска репрезентација. Исто така сакам да нагласам дека овие натпревари се организираат во соработка со Миинистерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и Федерација на училишен спорт. Исто така би сакал да нагласам дека домаќинот, Општинскиот сојуз на училишен спорт, е доста активен, еден од најактивните во Македонија и многу често учествува на овие натпревари“, вели Герман Боглев, секретар на Федерација на училишен спорт.

 

Од општинскиот сојуз на училишен спорт на Приелп истакнаа дека им е чест што се домаќини на едно вакво државно првенство.

 

„Како сојуз на училишни спортови од Прилеп земаме активно учество во сите овие натпреаври кои се под покровителство на Федерацијата на училишни спортови. Неколку години наназад докажуваме дека сме лулка на сите спортови, докажуваме дека во Приклеп има навистина големи таленти кои заслужуваат да не претставуваат и во оние повисоки нивоа, како државни репрезентации, така и во клубовите кои се натпреваруваат во повисок ранг. Како сојуз на училишен спорт се јавивме како организатори на државното првенство во пинг понг кое се одржа лани во ноември, сега е ова првенство, а во мај ќе се одржи кај нас и државното првенство во тенис и во машка и во женска конкуренција“, истакна Здравко Ристески, претседател на сојуз на училишен спорт Прилеп.

 

Според Ристески женскиот фудбал земал се поголем замав во Македонија и се надеваат дека некое од овие девојчиња кои се натпреваруваат денес во Прилеп дека ќе бидие член и на македонската женска фудбалска репзентација.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи